До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

Соопштение за јавност До кога треба да чекаат граѓаните на Македонија за Мицкоски и Филков да ги пратат документите за екстрадиција на Никола Груевски? Помина повеќе од еден месец, патуваа документите со денови, Министерството ги собираше документите, сега молчат за едно од најважните прашања поврзани со правдата и владеењето на правото. Зошто се кочи постапката? […]

Филипче: Како професор и како човек секогаш ја поддржувам младоста и иднината, студентите победуваат!

„Додека криминална група ВМРО ја поддржува својата сестринска партија СНС и својот „брат“ автократ Вучиќ, додека Мицкоски и Стоилковиќ организираат митинзи за него во Куманово. Јас како професор и како човек ќе кажам само едно: Секогаш ја поддржувам младоста и иднината! Студентите победуваат! “ Линк до објвата: https://x.com/VFilipche/status/2057732356526448775?s=20

Филипче: Францускиот предлог е на маса, нема што Мицкоски да ветува – секое негово ветување завршува со неисполнување

Соопштение за јавност „Бугарија е јасна: Францускиот предлог е на маса. Нема што Мицкоски да ветува – секое негово ветување завршува со неисполнување. Уште 9 дена до 1. јуни и уште едно неисполнето ветување за Реформската агенда. Граѓаните веќе не веруваат во зборови. Сакаат резултати.” Линк до објавата: https://x.com/VFilipche/status/2057716011445444985?s=20

Уште 9 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски

Соопштение за јавност Уште само 9 дена остануваат до 1. јуни – рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите 10 точки од Реформската агенда. 9 дена до уште едно неисполнето ветување. 9 дена до нов доказ дека организирана криминална група ВМРО намерно ја блокира европската иднина на Македонија. Мицкоски вети дека […]

Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

Соопштение за јавност „Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. […]

Филипче: ВМРО им мачка очи на граѓаните со манипулација, требаше да добиеме 200 милиони евра од ЕУ

Соопштение за јавност „ Ова не е никаков успех, туку манипулација на ВМРО. Парите од EU Reform and Growth Facility не можат да се споредуваат бидејќи секоја земја ги добива за потполно различни реформи. Македонија (65,7 милиони €) за образование и дигитализација во училиштата. Албанија (49 милиони €) за бизнис конкурентност и иновации. Црна Гора […]

Еден месец нема одговор од Мицкоски и Филков зошто не се испратени документите за Груевски, затоа мора реформи за ЕУ

Соопштение за јавност Еден месец јавноста чека одговор од Христијан Мицкоски и министерот за правда Филков зошто не се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски. Цел еден месец молчат и не прават ништо. Наместо постапување, одолговлекување. Наместо правда, заштита на бегалецот Груевски. Прашањето е многу едноставно: Дали Мицкоски и Филков намерно не ги испраќаат […]

Филипче: Над 200 милиони евра од ЕУ се изгубени поради „реформите“ на Мицкоски кои се само на збор

Соопштение за јавност „ЕК ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија. Вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 изнесува 134,87 милиони евра. Плус уште 65 милиони евра неповлечени средства поради нереализирани реформи за претходниот период. Над 200 милиони евра изгубени поради „реформите“ на Мицкоски […]

Лажниот патриотизам на ВМРО падна: европски пасоши за нив, изолација за народот

Соопштение за јавност Со години ВМРО-ОКГ ширеше страв, хистерија и лажен патриотизам, убедувајќи ги граѓаните дека ние во СДСМ сме предавници кои го го загрозуваат македонскиот идентитетот, јазик и култура. Вистината излезе на виделина. Ниту СДСМ се предавници ниту е загрозен македонскиот идентитет. Тоа го призна и ВМРО-ОКГ. Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело […]

Уште 10 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни

Соопштение за јавност Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме. ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за Македонија а вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 е 134 милиони евра. Молчи Владата за клучното […]