СДСМ рамо до рамо со граѓаните на Ѓорче, Бутел и Сарај, заедно до повисок животен стандард и повеќе капитални инвестиции

Соопштение за јавност Теренските активности на СДСМ под слоганот „Рамо до рамо, до победа“попладнево продолжи и во скопските општини Бутел, Ѓорче Петров и Сарај. Претседателката на Форумот на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска заедно со членот на ЦО на СДСМ, Марко Ѓоргиевски беа на средби со граѓаните на […]

СДСМ рамо до рамо со граѓаните на Гази Баба, Арачиново и Чучер Сандево, го штитиме стандардот на народот

Соопштение за јавност Општините Гази Баба, Арачиново и Чучер Сандево попладнево беа посетени од тимови на СДСМ, како дел од теренските активности Рамо до рамо, до победа. Во општина Гази Баба заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска и членките на ИО на СДСМ Милена Стевановиќ и Ивона Кузмановиќ со граѓаните разговараа за досега реализираните мерки […]

СДСМ рамо до рамо со граѓаните на Велес: Напредокот продолжува

Соопштение за јавност СДСМ од денеска е интензивно на терен, рамо до рамо со граѓаните ширум татковината. Со граѓаните на Велес вечерва беа претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски. – Доаѓаме со јасна порака – напредокот продолжува. Големи промени очекувајте во оваа и наредната година. Економијата ќе продолжи да расте […]

СДСМ Рамо до рамо со граѓаните на Центар, Аеродром и Кисела Вода

Соопштение за јавност СДСМ денеска ја започна големата теренска активност Рамо до рамо до победа, каде заедно со граѓаните претставници на партијата во 946 населени места ќе разговараат за актуелни теми, ќе се даде отчет за сработеното, но и ќе најават следните активности. Во општина Аеродром меѓу граѓаните денеска беа потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев […]

Ковачевски: Уставни измени по македонски модел за европска иднина!

Уставните измени се една од обврските кои нашата држава ја има согласно со преговарачката рамка усвоена од 27 земји членки на ЕУ и носењето на уставните измени структуриран процес кој започнува преку работа на работна група на експертско ниво, порача претседателот на СДСМ во одговор на новинарско прашање. Осрнувајќи се на таканаречениот хрватски модел за […]

Со мерките за намалување на цените го штитиме стандардот на граѓаните

СДСМ со конкретни мерки за намалување и замрзнување на цените продолжува со грижата за граѓаните и заштита на нивниот стандард. По намалувањето и замрзнувањето на цените на лебот, млекото и млечните производи, јајцата, тестенините и оризот, како и на повеќе хигиенски производи, од денесека се замрзнува цената на дел од овошјето и зеленчикот. Утврдена е […]

Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државата

Владата предводена од СДСМ со започнување на силна градежна офанзива на Коридот 8 носи нов економски и развоен импулс за државата, придобивки за граѓаните и стопанството. Изградбата на Коридорот 8 значи помали трошоци за превоз, побрз транспорт, поврзување и интеграција на Северна Македонија, како и економски и регионален развој на државата. Изградбата на модерни, современи […]

СДСМ се грижи за стандардот на граѓаните, намалени цени за уште 11 прехранбени производи

СДСМ со конкретни мерки продолжува со грижата за граѓаните и нивниот животен стандард. Владата, предводена од СДСМ со последната одлука, ја прошири листата на производи со замрзнати цени, со 11 дополнителни производи. Утврдена е максимална цена од 70 денари за килограм свеж домат, 75 денари за килограм свежа краставица, 90 денари за килограм зелени пиперки, […]

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ целосно пофрлија, наместо развој граѓаните добија долгови и повисоки сметки

Учинокот на ВМРО-ДПМНЕ по една и пол година од мандатот во повеќе 40 општини е стагнација и безидејност, непродуктивно трошење на народните пари, задолжување и партизација на општините. Наместо ветениот развој и најавените капитални проекти, ги задолжуваат општините и удрираат по џебот на граѓаните со покачување на цените на комуналните услуги. Поскапи комунални услуги, вода […]

Битиќи: Ветувањето за минимална плата од 20.000 го остваривме пред време, има и рекорден раст на пензиите

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во гостување во емисијата „Македонија наутро“ на јавниот сервис посочи дека економските политики што Владата предводена од СДСМ ги реализира, даваат резултати и дека тоа се докажува и со официјални податоци. „Во политиката ветуваш и се очекува да ги исполниш ветувањата. Јас бев еден од тие што ја креираа економската […]