Костадинов: СДСМ покажува дека е државотоврна партија, во 2022 година ги започнавме преговорите со ЕУ, ги покачивме платите и пензиите

2022-рата година ја оценува предизвикувачка, година во која мерките и политиките на Владата дадоа резултат, особено во време на економска и енергетска криза, кажа потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во гостувањето во Телевизија 24. Во изминатава 2022 година СДСМ повторно покажа дека е државотворна партија која се грижи за граѓаните и државата, порача потпретседателот на […]

2022 е година на најголемите лаги на Мицкоски, заложникот на Апасиев

Оваа 2022 година е година на најголемите лаги и невистини на Христијан Мицкоски. Немаше период од годината а Мицкоски да не излезе со тешка лага, манипулација или конструкција. Слаб и без став, Мицкоски стана целосен заложник на Димитар Апасиев. Го лажеше народот дека со прифаќањето на европскиот предлог, ќе следи асимилација и бугаризација. Лажеше Мицкоски […]

Една година локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и општините ништо не презема за загадениот воздух

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и во општините и покрај алармантната ситуација со загадениот воздух не презема ништо за да се заштити здравјето на граѓаните. Скопје деновиве е меѓу градовите со најзагаден воздух на светот, иако ВМРО-ДПМНЕ во кампањата пред граѓаните ветуваа дека ќе реализираат низа мерки за да стават крај на овој […]

Во духот на солидарноста, СДСМ со бројни хуманитарни акции за помош на ранливите граѓани

Соопштение за јавност Во време на новогодишните празници, во духот на солидарноста и меѓусебното помагање како врвни социјалдемократски вредности, општинските организации на СДСМ организираат низ хуманитарни настани. ОО Кисела Вода и ОО Куманово донираа новогодишни пакетчиња – за децата од малите групни домови при ЈУ Детски дом 11 Октомври, односно за деца од социјално загрозени […]

Честитка на генералниот секретар Зечевиќ до верниците од католичка вероисповед и до сите кои кои денеска го празнуваат Божиќ

Соопштение за јавност Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, упати честитка до верниците од католичка вероисповед и до сите македонски верници кои денеска го празнуваат христијанскиот празник -Рождеството Христово – Божиќ. „Христовата светлина нека ги осветли Вашите домови. Ви посакувам празничните денови да ги минете во пријатна атмосфера, исполнети со љубов, семеен спокој и добро […]

ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух во Скопје, само создава хаос

Соопштение за јавност Деновиве Скопје повторно е меѓу најзагадените градови на светот, а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо да го спречи загадувањето. ВМРО-ДПМНЕ ги погази ветувањата дадени пред граѓаните во предизборната кампања, дека ќе реализира мерки за да го спречи загадувањето. Наместо тоа создава само хаос и го поттикнува загадувањето. Во текот на […]

Мицкоски нема став и го лаже народот, целосно е во заложништво на Апасиев

Соопштение за јавност Христијан Мицкоски како слаб политичар, без став и визија, е во целосно заложништво на Апасиев. Мицкоски го лаже народот, секојдневно се расфрла со екстремни и радикални изјави, се натпреварува со Левица во популизам и радикализам, во правење штета за граѓаните. Левица, е сериозна закана за европскиот пат на државата, има за цел […]

Најава, прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Ве известуваме дека денеска 24.12.2022 година (сабота) со почеток во 11:30 часот во седиштето на СДСМ прес-конференција ќе одржи Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ. Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.

Една година ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух во Скопје

За само една година ВМРО-ДПМНЕ направи катастрофа во Град Скопје. Јавниот превоз не функционира, јавните претпријатија се во катастрофална состојба, а од неодамна Скопје повторно е еден од најзадените градови во светот. Една година ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за да го спречи загадувањето, иако во кампањата пред граѓаните ветуваа дека ќе реализираат низа мерки за […]

10 години од „црниот понеделник“ на 24 декември, да не се заборават режимските методи на ВМРО-ДПМНЕ

24 декември 2012 година е еден од најцрните датуми во историјата на македонската демократија. На овој ден, пред 10 години пратеници и новинари насилно беа исфрлени од Собранието, од храмот на демократијата, првите беа исфрлени за да не се спротивстват на носењето на најрасипничкиот буџет во историјата на државата, а вторите за да не известуваат […]