fbpx

Од МИОА признаа дека власта противзаконски и предизборно ќе дели лиценци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кадрите на Никола Груевски во Министерството за информатичко општетство и администрација признаа дека две години доцнат со реализација на Законот за инпекциски надзор!

Тоа значи дека две години ги држат под притисок инспекторите чии работни места зависат од лиценците што им ги воведе власта на Груевски!

Кадрите на Никола Груевски признаа дека спроведуваат незаконски испити за инспекторите, врз основа на Правилник донесен дури минатиот месец!

Инспекторите немаат една година за да добијат лиценца, како што им гарантира законот, туку само 4 месеци и во предизборието.

Јасно е. Намерно се поместени роковите за притисоци врз инспекторите и врз граѓаните.

Паниката на групата околу Никола Груевски за којашто е отворена истрага за злосторничко здружување за изборни грабежи, се прелева на сите страни, последно и врз инспекторите.

Кадрите во МИОА признаа и дека власта на Груевски самата си изгласа закон во којшто инспекцискиот совет кој издава лиценци го именува Владата.

И имаат право, не се во прашање само престојните избори, туку повеќе изборни циклуси наназад.

Слушна јавноста како ги злоупотребувала власта на Груевски инспекциските служби, од затворање фирми, до рекет, за партиски пресметки. Тоа се лични признанија на Миле Јананкиески, Горан Трајковски, Силвана Бонева.

Кадрите на Груевски немаат право да зборуваат за партиски злоупотреби, зашто тие ги претворија сите институции во партија.

Дополнителниот заменик министер за информатичко општетство и администрација, Александар Кирацовски ете поради тоа е во МИОА – да ги открие направените злоупотреби од страна на власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и да спречи тие да се повторат.

Прекшен е Законот за инспекциски надзор и испитите за лиценци на инспекторите мора да бидат повлечени.

Медиумите под конторла на власта повеќе не можат да ја сокријат вистината. Сите кои ги кршат Уставот и законите ќе мора да понесат одговорност.

 

Со почит,
Кабинет на дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација, М-р Александар Кирацовски

 

Последни вести