Соопштение за јавност
Фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во судството, од тефтерчето, наместо да го штитат Уставот и уставниот поредок, го рушат функционирањето на правдата и правната држава.
Медиумите на Никола Груевски се ставија во целосна одбрана на срамните одлуки за заштита на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ со изборните измами.
“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” коишто со месеци молчеа за милионите на нивните сметки, но затоа ревносно ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд коишто ги испорачуваат партиските послушници на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.
Јавноста дозна за поврзаноста на „Република“ со даночниот рај на фамилијата, Белизе. Како и за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.
Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.
Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми. Куририте и медиумскиот мрак му се потребни на Никола Груевски за да шират лаги во одбрана на криминалните активности, корупцијата и изборните измами што ги правел врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е уште една потврда зошто е потребна слобода на медиумите и зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните.
Скопје, 28.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА