Соопштение за јавност
Граѓаните од цела Македонија секојдневно дишат екстермно загаден воздух.
Во Скопје и Тетово загадениот воздух достигнува фрапантни 16, односно 15 пати повисоки концентрации на опасните ПМ10 честички што е исклучително штетно по здравјето на граѓаните.
Во Битола концентрацијата на ПМ10 честичките изнесуваат високи 10 над дозволеното, додека во Кичево и Кавадарци 6 пати над дозволената граница.
Политиките на Никола Груевски го уништуваат здравјето на граѓаните.
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години не преземаа ништо за да се реши проблемот со енормно загадениот воздух.
Крајно несериозни се т.н. мерки коишто вчера ги донесе Владата на Груевски и тие нема да променат речиси ништо.
„Дил ориентед“ политиките на Никола Груевски се фокусирани на богатењето на фамилијата, на братучедот Мијалков, на бизнис интересите и провизиите од тендерите за споменици вредни 630 милиони евра. Здравјето на граѓаните за Груевски и фамилијата е неважно.
СДСМ се грижи за здравјето на граѓаните и бара веднаш да започне примена на конкретни мерки, како на пример:
– Да се воведе субвенција за јавниот градски превоз која ќе важи за сите во зимските месеци.
– Наместо тајно и преку ноќ да се атакува на последните дрвја што се обидуваат да ни дадат малку кислород, градот Скопје итно да забрани сеча на постојните дрва и да започне со санирање на сите уништени зелени површини.
– Да се воведат грантови за инсталирани соларни панели, грантови за изолација на објекти и инсталација на енергетски ефикасни апарати.
– Да се зголемат средствата на Министерството за животна средина и просторно планирање во делот на заштита на животната средина.
Граѓаните се обединети против политиките коишто им го загрозуваат животот.
Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!
Скопје, 28.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА