fbpx

Три владини медиуми со приходи од 3 милиони евра!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

И “Радио слободна Македонија”, покрај “Курир” и “Република” е уште еден провладин медиум којшто молчи на каков начин се стекнува со високи, милионски приходи.

Само овие три владини медиуми оствариле приходи од 3 милиони евра, за три години!

Од каде им се милионските приходи на медиумите коишто ги уредува Никола Груевски?

Според податоците од Централниот регистар, „Радио слободна Македонија“ во 2012 остварила приход од 2.000 евра.

Но, во 2013 година заработката на провладината “Радио Слободна Македонија” рипнала на 242.000 евра. Тоа е годишно зголемување на приходите од 240.000 евра!

Овие 242.000 евра ги обезбедил само 1 вработен во „Радио слободна Македонија.“ Тоа го покажуваат документите од Централниот регистар.

Нејасно е како само 1 вработен може да оствари приходи од 242.000 евра?

Заедно со 2014 година вкупниот приход на “Радио Слободна Македонија” изнесува над 617.000 илјади евра.

Јавноста знае дека еден од сопствениците на радиото Слободна Македонија е фирмата НВСП.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Преку проектот Вистината за Македонија, јавноста дозна НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои Мијалков.

“Курир” две недели молчи за поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”, со Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП на Стајковиќ.

Вистината за Македонија исто така откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспарентно, непристрасно и објективно известување, за медиумските курир на Никола Груевски не важат.

Јавноста очекува одговори како Радио Слободна Македонија само со еден вработен стекнала големи приходи?

Скопје, 28.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести