Филипче: 5 тони дрога водат до луѓето во Србија, а компаниите до Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција постети на случајот со петте тони дрога кои поминаа низ македонската граница и поврзаноста на луѓе од српскиот политички врв и компании во Македонија блиски до премиерот Христијан Мицкоски. Филипче посочи дека тоа јасно се гледа од информациите од преписките на апликацијата „Скај“ и средбите на српски функционери со македонски политичари.

„Укажав и на шверцот, односно веројатно договорениот трансфер на дрогата преку граница,пет тони дрога. Во „Скај“ преписките, пред некое време, излезе дека сите од власта во Србија биле вовлечени во наркобизнисот. Од највисокиот врв, преку директорите на БИА и Гашиќ и Вулин и така натаму. Луѓето кои што тука имаа средби и со Христијан Мицкоски и со Максим Димитриевски. Пет тони дрога кои што директно водат до овие луѓе во Србија, а компаниите овде кај нас имаат директна релација со фирми блиски до премиерот Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека поврзаноста на политичките и бизнис-структурите од регионот е дел од моделот на владеење што го применува ВМРО.

„Некој ќе коментира зошто славиме и дали славиме туѓи избори. Не. Туку го славиме доаѓањето на демократскиот бран тука во регионот. Затоа што тие бизнис, политички и медиумски спрегi на Александар Вучиќ и до пред некое време на Виктор Орбан, се спрегите кои што го хранат, го хранеа режимот наш тука на Христијан Мицкоски. Нè држат во заробена држава, медиумски мрак и силен коруптивен режим“, рече Филипче.

На прес- конференцијата, Филипче порача дека СДСМ ќе продолжи да бара одговорност за корупцијата и за сите злоупотреби на јавните средства, без разлика на тоа кој стои зад нив. Тој нагласи дека во борбата против корупцијата никој нема да биде поштеден поради партиската припадност.

„Ќе ја искорениме корупцијата од земјава. Тоа е тоа што нè држи на дното на Европа. Ќеја искорениме, ќе има одговорност. Без разлика кој на која партија припаѓа. Не само што ќе има одговорност, ќе вратат пари, сите до последен денар, коиј што украдоа од буџетот, од иднината на децата, на семејствата и на граѓаните, да знаат дека ќе ги вратат“, рече Филипче.

Линк до видео: