Соопштение за јавност
Тоа што Данела Арсовска ништо не работи, што нема ниту еден проект, ВМРО-ДПМНЕ не може да го оправда со трибини за жалење.
Поминаа месеци а Данела Арсовска нема ниту еден проект сработено. Дополнително, Арсовска ги закочи клучните проекти, го запре развојот на градот комплетно.
Проектот за ефикасен и еколошки транспорт за кој се обезбедени 70 милиони евра, БРТ, Арсовска го прекина. Очигледно заради диловите на Мицкоски со автобуси.
Мостот во Аеродром Арсовска го стопираше, проект важен за намалување на сообраќајниот метеж во големи општини како Аеродром и Гази Баба.
Универзална сала, стои нечепната, објект симбол на скопската култура и солидарност.
Мостот на Љубљанска во Карпош за којшто исто така има обезбедено пари стои закочен. Улиците кои претходната локална самоуправа ги започна исто така стојат нечепнати.
Нема нови паркови, нема буквално ништо од Данела Арсовска. Освен сомнителни дилови со Христијан Мицкоски за кои институциите допрва треба да истражуваат.
Среде енергетска криза Арсовска ги остави скопјани без парно.
ВМРО-ДПМНЕ раководи со повеќе од пола општини, а резултатите се еднакви на нула, едно големо ништо.