Соопштение за јавност – реакција на изнесените ставови на Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски уште еднаш покажа дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, опозициската партија се уште е во криминалната матрица на Груевски.
Мицкоски, Законот за Јавно обвинителство го поврзува со имотот на партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ уценуваат за да се амнестираат од судските процеси што се водат против нив.
На Мицкоски поважен му е имотот на партијата и одбраната на криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, отколку реформите во судството, важни за напредокот на државата.
Тоа е уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ раководена од Мицкоски е управувана од Груевски од Будимпешта.
Граѓаните ќе го ценат ваквиот неодговорен однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон државата и институциите и на 12 април ќе им испорачаат нов изборен пораз.
На 12 април, граѓаните масовно ќе порачаат – режим никогаш повеќе