Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски да им се извини на граѓаните за сите лаги, што хистерично ги ширеше изминатиот период помогнат од неговиот проруски партнер Димитар Апасиев.
Како предводник на антиевроската коалиција го лажеше народот дека претстои асимилација, бугаризација, дека некој ќе ни го земе идентитетот, дека јазикот не ни е заштитен, хушкаше и клеветеше.
Сите невистини му потонаа. Поразени се деструкциите и антиевропските делувања на Мицкоски. Не му успеаја опасните сценарија за дестабилизација на државата и предизвикување етнички конфликти, не успеа да го блокира европскиот пат на државата.
Република Северна Македонија ги започна преговорите за членство во Европската унија, со заштитен јазик, идентитет, култура. Во ЕУ влегуваме како Македонци, со македонски јазик, со чиста формулација без фусноти и ѕвездички.
Европската иднина на државата и на граѓаните е обезбедена.