Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до сите припадници на исламската вероисповед во Република Северна Македонија посакувајќи им добро здравје, среќа и благосостојба:
„Во мое име и од името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам. Нека е честит и благословен празникот и нека донесе радост, среќа и спокој во вашето семејство, во вашиот дом!
Добрината, меѓусебното почитување, разбирање и помагање се вредностите кои не обединуваат и за кои се залагаме.
Да го продолжиме заедничкиот пат, да го негуваме и градиме концептот едно општество за сите, во духот на солидарноста и меѓусебната доверба, за подобра иднина за сите нас.
Заедно и сплотени да бидеме позитивен пример за генерациите што доаѓаат.
“Примете ги моите честитки во овие празнички денови на Рамазан Бајрам во духовен мир, радост и среќа“ стои во честитката од Николовски.