Соопштение за јавност
Со овации одговорија потврдно присутните граѓани на прашањето на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, “Дали сме за ЕУ и НАТО”, на попладневната трибина денеска во Кочани, на коалицијата “Излези за европска Македонија”, што помина во позитивна атмосфера.
-Заслужуваме да бидеме граѓани на модерна, современа, демократска Македонија. Ни минува животот. Должни сме да им обезбедиме на децата добра иднина, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.
Тој објасни дека компромисното решение што е постигнато со јужниот сосед вреди затоа што “македонскиот јазик и идентитет се признаени”, никој повеќе не ги спори во светот.
-По 27 години добивме покана да бидеме 30-та членка на НАТО, тоа значи стабилност, безбедност и сигурност, мир обезбедивме за децата. Во процесот на евроинтеграции, 260.000 евра ЕУ донира секој ден, 1.280.000 евра е вкупниот буџет за Македонија од грантовите, што треба да го јакнат нашиот стандард, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.
Тој посочи и дека тоа ќе значи повисоки плати, пензии, нови рабитни места и дека Македонија нема алтернативата освен ЕУ и НАТО.
Ги повика граѓаните со кренато чело да гласаат За на престојниот референдум, бидејки граѓаните на Македонија секогаш и носеле државнички одлуки.
-Оваа шанса мора да ја зграпчиме. Имаме храбар народ, ќе покажеме дека сме за европска Македонија, оцени претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на трибината со граѓаните во Кочани.
Градоначалникот на Кочани ги повика неговите сограѓани, масовно да излезат на 30-ти септември и да гласаат За, за европско Кочани преку интеграции на Македонија во ЕУ и НАТО.