Соопштение за јавност
Пред земјата и пред сите наши граѓани е историска шанса за продолжување на европскиот пат и остварување на уште една стратешка цел, членство во ЕУ.
Само Мицкоски одработува за туѓи интереси. Мицкоски одработува за туѓи земји, кои не сакаат да Македонија да биде интегрирана, кои не сакаат да бидеме членка на ЕУ.
Секој што сака да ја држи земјава надвор од ЕУ, изолирана, работи директно на штета на врвните национални и државни интереси.
Мицкоски има право да се самоизолира, но нема право да ја изолира државата.
Уставните измени значат затворање на прашањето „еден народ-две држави“. Секој што е против потврдување на засебноста на Македонците, на македонскиот надор од бугарскиот народ, има за цел да го држи ова прашање отворено заради туѓи интереси.
Македонија нема време за губење, граѓаните немаат нови години за губење. Собраниската процедури и дискусијата за уставните измени коишто се неопходни за продолжување на европскиот пат мора да започне.
Со глас за Европа во македонското Собранието да обезбедиме продолжување на европската интеграција на земјата и остварување на уште една стратешка цел, членство во ЕУ.