Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Секојдневно на виделина излегуваат потврди дека ДПМНЕ не е ништо освен криминална партија која дејствува на штета на граѓаните и на државата.
Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) отвори случај за проект од 2015 година, вреден 660 000 евра, за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во тој случај нотирани се низа неправилности, а на државата ОЛАФ и препорачала да ги врати парите.
Во тој период Владата е предводена од ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски, а меѓу неговите советници бил и денешниот шеф на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
ДПМНЕ и поединци од таа партија и таа влада, освен што краделе од граѓаните, за што има и правосилни судски пресуди, тие проневерувале пари и од европски фондови.
Од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. до обвинителство е доставен конкретен предмет по кој Обвинителството треба да постапи..
Низ отворена судска постапка, виновниците треба да се лоцираат и санкционираат, а ДПМНЕ да ги врати проневерените пари.
Со вакви случаи се нарушува и угледот на државата која во последните години стана лидер по искористеност на средствата од ИПА, во целиот регион и сето тоа поради успешните политики на Владата и институции предводени од СДСМ.
ДПМНЕ не може никогаш да се амнестира од 11 годишното криминално владеење и одговорност за тоа мора да има.