Соопштение за јавност
Сега на сите им е јасно како ден: Мицкоски е анти ЕУ политичар.
Ист како неговиот ментор и шеф Никола Груевски.
Груевски ја држеше земјата во изолација цели 11 години, надвор од ЕУ и НАТО.
Христијан Мицкоски не гласаше за членство во НАТО и цело време работи против членството во ЕУ.
Сака македонскиот јазик да не биде дел од ЕУ, сака да ја блокира европската иднина, сега кога тоа е на дофат на целиот народ, на нашата земја.
СДСМ нема да подлегне, заедно со македонскиот народ и сите граѓаните кои во огромно мнозинство сакаат да ја видат земјата во ЕУ ќе се бори за европска иднина и ќе победи.