fbpx

Николовски: Докажавме дека сме искрен партнер на земјоделците, заедно ги креираме мерките и го развиваме македонското земјоделство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Секој еден земјоделец е важен и преку конкретни мерки и политики што секојдневно ги носиме, во дело покажавме дека сме искрен партнер и водиме грижа за секој еден земјоделец, истакна на трибината во Струмица „Македонското земјоделство на европскиот пат“, членот на Централниот одбор на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

„Земјоделците денес најдобро знаат која е разликата меѓу СДСМ и ВМРО. Знаат како беше во времето на ДПМНЕ, да се добиваат субвенции селективно, со списоци и закани, но знаат како е и денес кога СДСМ ја води државата. Со еден потпис, во еден ден, со едно решение, исплата кон сите земјоделци, кои исполнуваат услови. Без селекција, без списоци, без притисоци. Бидејќи за нас земјоделецот е важен. Бидејќи за нас секој човек е важен и почитуван. За разлика од нив кој немаат ни почит кон никого и ништо, ниту пак чуле некогаш за тоа“, истакна Николовски.

Од 2017 година до денес, министерството за земјоделство работи транспарентно и отворено, со нов земјоделски пристап. Постојано сме на терен, диреткно од земјоделците ги слушаме проблемите и заедно со нивна директна вклученост ги носиме и ги креираме мерките, а така креираните мерки докажано даваат резултати.

Еден од тие резултати и политики подготвени заедно со земјоделците е и новиот модел за субвенционирање.

„Новиот модел за субвенционирање гарантира навремена исплата на субвенциите и еве оваа година секој еден земјоделец тоа можеше да го види. Навремено беа исплатени сите директни субвенции, а до крајот на годината ќе следува и авансната испалта на субвенциите, нешто што за прв пат го овозможивме со новиот модел за субвенционирање“ истакна Николовски.

Со новиот модел за субвенционирање поставивме приоритети и утврдуваме што е она стратешко за државта, насочуваќи ги земјоделците да го произведуваат токму тоа. Нашето домашно производство го насочуваме дома кон домашните преработувачи градејќи го системот на договорно производство.

СДСМ дава поддршка за младите мотивирајќи ги да се вклучат во земјоделската дејност.

„ За младите земјоделци имаме две мерки за поддршка преку руралната прогама ставајќи на располагање грантови од 10.000 и 20.000 евра, а од 2017 година до сега оваа поддршка ја искористиле повеќе од 860 млади земјоделци. За младите земјоделци даваме поголема поволност и во ИПАРД програмата, со можност за кофинансирање до 70% од инвестицијата. Досега во ИПАРД 2 прогамата 859 млади земјоделци аплицирале и ја искористиле можноста која им се нуди, реализирајќи инвестиции вредни 9 милиони евра“ истакна Николовски.
Жената земјоделка повеќе не е на маргините од општеството. Преку конкретни мерки сите овие години работиме за подигнување и подобрување на нивниот стаус, бидејќи за нас жената земјоделка е уште еден важен приоритет.

„Во 2019 година креиравме мерка за поддршка на жената земјоделка обезбедвуајќи грант поддршка до 3000 евра. Оваа поддршка од минатата година двојно ја зголемивме и сега изнесува 6000 евра. Досега преку сите повици имаме доделено повеќе од 300 договори за поддршка на жената земјоделка. Денес имаме и активна програма за поддршка на мајчинство со која обезбедуваме поддршка до 81.000 денари за жените земјоделки како надоместок за 9 месеци за породилно отуство, решаваме уште еден пробелем на жените земјоделки“ истакна на трибината во Струмица Николовски.

За нас зборот е збор. Рековме дека оваа 2023 година ќе биде година на надеж, на развој, на нови почетоци и тоа го направивме. Подготвивме повеќе нови мерки насочени директно кон земјоделците чија основна дејност им е земјоделието.

Преку новата мерка бизнис план обезбедивме грант поддршка до 10.000 евра за земјоделците да набават механизација и опрема, преку отворен повик во текот на целата година. До 10.000 евра грант поддршка за набавка на опрема обезбедивме и за малите производители на храна и малите семејни винари и 5.000 евра грант поддршка во набавка на опрема за малите дестилерии. Мерката која ја воведовме за зелна нафта, од 2024 година достигнува до 100%. Со новиот закон за вино на лозарите добиваат загаранитрана откупна цена на винското грозје, а со законот за советодавни услуги за земјоделците обезбедуваме поддршка со која можат навремено да ги искористат сите мерки кои им се ставаат на располагање за развој на своето производство.

Додека ДПМНЕ трошеше пари на споменици, СДСМ ги враќа назад кај граѓаните. Важно да направиме разлика, а токму земјоделците најдобро ја гледаат таа разлика и даваат поддршка на СДСМ и прогресот кој води напред, наспроти ДПМНЕ и нивните блокади.

Последни вести