Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Да беа информирани во ДПМНЕ ќе знаеа дека Маричиќ не беше во Белград поради тоа што изминатите денови го испрати засекогаш својот најдобар другар и соработник, прерано починатиот експерт за дигитални комуникации, Илија Жупаноски.
Да имаа во ДПМНЕ грам човечност, ќе изразеа сочувство, заради големата загуба за македонското општество.
ДПМНЕ ниту е информирана ниту човечка партија.