Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ 11 години непромислено и преку избрзани, неодговорни и несоодветни проекти, предизвикуваше штети во образованието. Доказ за тоа се и многуте рангирања на престижни светски инситуции и организации кои образованието во Македонија редовно го сместуваа како едно од најлошите во Европа. Владата предводена од СДСМ веднаш започна да ги поправа штетите кои ВМРО-ДПМНЕ им ги нанесе на учениците, наставниците, професорите и образовниот систем.
Учениците се ослободени од непотребното екстерно тестирање коешто ги тероризираше и нив, и нивните наставници и родителите. Санирани се штетите од милионските долгови направени за неплатена струја во студентските домови.
Новата Влада предводена од СДСМ на барање на студентите ги активира родовите студии и студиите за безбедност и евроинтеграции коишто беа стопирани од претходната власт, а на барање на Универзитетот кое се поклопува со ставот и одлуката на Влада, нема да има дисперзирани студии, за коишто значително беше намален интересот за студирање.
Оваа година, на студентите од еднородителски семејства ќе им биде овозоможено поевтино студирање на одредени студиски програми за кои ќе плаќаат само половина од партиципацијата.
СДСМ преку Владата со која раководи продолжува ги поправа напластените проблеми во образованието оставени од ВМРО-ДПМНЕ кои 11 години работеа спротивно на интересите на учениците, наставниот кадар и граѓаните. Владата предводена од СДСМ заедно со граѓаните и експертската јавност ќе работи на темелни реформи во образованието што ќе го вратат квалитетот во образованието преку проекти кои ќе бидат во интерес на учениците, наставниците, професорите и студентите.
Скопје, 18.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА