Соопштение за јавност
Има право Антонио Милошоски – Никола Груевски кого тој лично го напушти, мора да се помири со изборните резултати.
Мнозинството граѓани во Македонија избраа промени. Над 600.000 граѓани во Македонија се изјаснија за живот, за слобода, за правда.
Режимот е поразен.
Груевски заминува од политичката сцена.
Тоа е волјата на граѓаните што никој, најмалку криминалци или нотари кои седат на две столици и го одземаат лебот на чесни луѓе, можат да го изменат тоа.
Независно од резултатите во Тераце во Македонија почнуваат незапирливи демократски промени.
Криминалците од ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат.
Така одлучија мнозинството граѓани на 11 декември.
Скопје, 23.12.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА