Соопштение за јавност
Носителот на Изборната листа во петтата Изборна единица на СДСМ и на Коалицијата за европска Македонија, Јован Митрески, на денешниот централен митинг во Скопје, порача дека Планот за европска иднина предвидува развој на сите општини подеднакво.
„Нашиот план за иднината е развој на сите општини подеднакво! Најавуваме дуплирање на парите кон општините. Најавуваме над 400 проекти во инфраструктурата во сите општини во државата, затоа што за нас сите општини и сите граѓани се важни“, порача Митрески.
Бројот 1 во Изборна единица 5 значи гласање за европска иднина. Нема откажување од иднинатата!, додаде тој.