(Видео) Тунтев: Да се ослободат охриѓани во централното градско подрачје од забрани за градба

Нашиот предлог е да се избрише ставот во кој што се вели: Во контакната зона на старото градско јадро, поточно во контакната зона не смее да се врши земјени или други градежни работи без археолошки надзор, да се предвидуваат новоградби, сообраќајници и други градежни работи без археолошки истражувања на просторите за кои има и постојат […]
(Видео) Шилегов: Кризата ќе се реши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Одлуката на ДУИ да го повлече овој потег непосредно пред распуштањето на Парламентот и евентуалното одржување на избори, не е ништо туку значителен придонес на ДУИ во понатамошно комплицирање на и така сложената политичка ситуација во државата, рече пратеникот Петре Шилегов во однос на предлогот за избор на членови на Влада на Република Македонија […]
(Видео) Сугарески: Предлог закон за реформи во медиумите

Со овој закон сметаме дека ќе се изврши целосна департизација, поготово во Советот на Агенцијата за медиумски услуги и во МРТ, рече пратеникот Горан Сугарески во однос на предлогот на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
(Видео) Николов: Вработените во фабриката за шински возила немаат земено плата од декември

Одговорноста за работењето на фабриката за шински возила е целосно на Владата, рече пратеникот Марјанчо Николов во однос на предлогот на закон за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем
(Видео) Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги штитат неуставните одлуки на Уставен суд

Со овие измени, со ова дополнување ќе биде целосно покриена и регулирана целокупната правна празнина, којашто ја направи мнозинството судии од Уставниот суд на Република Македонија. Имаше една цел, а тоа е да ја заштити фамилијата на власт. Уставниот суд направи сериозен преседан и сериозно го нападна Уставот на Р.Македонија, рече пратеникот Горан Сугарески во […]
Заев: Мора да има теренска проверка и чист избирачки список

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со претседателот на СДММ, Стефан Богоев, денеска разговараа со младите од Радовиш за младинските проблеми и решенијата од програмата на СДСМ. Претседателот Заев во обраќањето пред младите посочи дека она што и се случува на Република Македонија, што им се случува на младите, е последица на погрешните […]
(Видео) Тунтев: За поактивен живот бараме продолжување на старосната граница за возачките дозволи

Овој закон го практикуваат повеќе земји во Европската унија. Помал е процентот на сообраќајни несреќи во кои учествувале луѓе на оваа старосна возраст, рече пратеникот Томислав Тунтев во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата;
(Видео) Куновска: Да се продолжи возачкиот век на постарите лица

Основната цел поради која што се предлага ова изменување и дополнување е потребата да се зголеми горната старосна граница за редовно продолжување на возачката дозвола и во мала мера да се измени начинот на здравствена контрола, при продолжувањето на надминувањето на оваа старосна граница. Исто така да се укинат и материјалните трошоци коишто се потребни […]
(Видео) Шилегов: Курирската реалност го крие упропастеното образование

Вие праќате порака дека може да бидете најголемите криминалци но тука е партијата да ве штити. СДСМ ќе изгради во оваа држава општество на слободни индивидуи, критична маса која што ќе може слободно без да биде плашена да упати критична мисла кон секого, рече пратеникот Петре Шилегов во однос на Информација за општите состојби во […]
(Видео) Орцев: И Светска банка бара сериозни промени во образовнието

Светска банка ги дефинира трите клучни работи кои што треба да ги направиме. Тоа се промена на образовните програми, промена во едукацијата на наставниците кои што ги спроведуваат овие наставни програми и повеќе пракса во средните училишта како и повеќе пракса во високото образование, рече пратеникот Панче Орцев во однос на Информација за општите состојби […]