ВМРО-ДПМНЕ се обидува да внесе вознемиреност меѓу граѓаните, лажна вест е дека нема пасоши и лични карти

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ Класична дезинформација на ВМРО-ДПМНЕ и неуспешен обид да внесе вознемиреност меѓу граѓаните е информацијата дека нема пасоши и лични карти. Како што објави и Министерството за внатрешни работи, патни исправи од сите типови има во доволен број и се одговара на сите барања […]

ВМРО-ДПМНЕ ги качи цените на струјата и на горивата до плафон, нафтата и со еколошката такса ќе биде најевтина

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува да тера лицемерие, да шири измислици, глумејќи загриженост за наводни поскапувања, а до плафон ги покачи цените на струјата и на горивата. Цената на струјата беше покачена за 100% кога на чело на ЕЛЕМ беше најнеспособниот директор Христијан Мицкоски. Токму […]

ВМРО-ДПМНЕ кое е против реформите во образованието, денеска се вознемири од најавите дека ќе се бара преиспитување на откупот на учебници

Реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ партијата противник на секоја реформа во образованието, денеска се вознемири од најавите дека ќе се бара надлежни институции да го истражат и преиспитаат ексклузивниот откуп на учебници во периодот од 2014 па наваму. Денешните напади на ВМРО-ДПМНЕ за транспарентноста на процесот со кој се бара преиспитување на договорите за […]

СДСМ заедно со граѓаните гради европска иднина, ВМРО-ДПМНЕ дејствува на штета на државните и националните интереси

Соопштение за јавност Додека владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев прават дипломатска офанзива за деблокирање на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на државните и националните интереси. СДСМ заедно со граѓаните гради европска иднина и општество на еднакви шанси за сите. Со лажни вести, шпекулации и конструкции ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот […]

ВМРО-ДПМНЕ го обезличи Скопје, со СДСМ станува модерен град по мерка на граѓаните

Реакција на прес-конференција на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Скопје, под раководство на градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов, прераснува во модерен, европски град, по мерка на граѓаните, кој насекаде се уредува и гради, па шири лажни вести и невистини. За ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле важни интересите на […]

Македонскиот идентитет е заштитен, сторивме се, на ред е ЕУ да испорача

Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ Прашање: Утре е денот кога ќе го добиеме финалното Да или Не од Европскиот совет, дали течат се уште преовоите со Бугарија или тоа е завршено? Одговор: Јас сум лично секогаш бил оптимист , знаат граѓаните , знаете и вие новинарите дека Република Северна […]

СДСМ на терен со граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ изолирана, во темните подруми на лажните вести и деструкции

Соопштение за јавност   Секојдневно се потврдува разликата помеѓу одговорниот, државнички однос на СДСМ и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Додека СДСМ секојдневно е на терен меѓу граѓаните, на маалки и урбани средби, на граѓански трибини, ВМРО-ДПМНЕ е сама и изолирана, во темните подруми на лажните вести и деструкциите. СДСМ заедно со граѓаните […]

Караванот ,,Млади локално заедно“ средба со младите од Чашка, Велес и Градско: Го креираме најдоброто за секој млад човек

Соопштение за јавност Обединети во идејата да го извлечат најдоброто од секој млад човек и да му го дадат најдоброто на општеството, претседателот Марко Михаилоски и членовите на раководството на СДММ уште еднаш поттикнаа нова дискусија пред младите од овој крај со цел да ги слушнат нивните идеи и планови. Поентата на дејствувањето на младинската […]

Спасовски на трибината „ Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар: Ниедна боја не може да ги прикрие криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение за јавност ВМРО-ДПМНЕ најавува некаков нов концепт и тоа со истите луѓе што ја разоруваа, ја пљачкаа нашата земја, истите оние луѓе што беа и лева и десна рака и на Груевски и на Мијалков, кои учествуваа во сите криминални активности и си создадоа богатство истакна потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибина […]

Битиќи од Струга: СДСМ е секогаш меѓу граѓаните, тие се наш партнер со кој заедно ја креираме најдобрата понуда за секоја наша општина

Соопштение за јавност Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денеска оддржа средба со ИО на СДСМ Струга, а потоа учествуваше на маалска средба со стружани со цел да се слушне гласот на граѓаните и нивните сугестии кои се темел на креирање победничка кадровска и програмска политика и пример за успех на концептот едно општество за сите […]