fbpx

Времето на протекционизам и делење провизии од тендери заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во опозиција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Политиката на СДСМ за економски раст на државата ги санира штетите што зад себе ги остави 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и обезбедува можности за економски развој, повисоки плати и нови работни места.

Времето на протекционизам и делење провизии од тендери заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во опозиција. Денес, воспоставените царински услови и законски прописи важат за сите подеднакво.

Во конкретниот случај, царинското ослободување се однесува и важи за сите производители подеднакво и она што е особено важно, се однесува на производи преку кои се унапредуваат еколошките стандарди и се влијае во заштита на животната средина.

Реформската влада предводена од СДСМ продолжува да работи отчетно, одговорно и во интерес на сите граѓани.

 

Скопје, 09.11.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести