fbpx

Отворен повик за кандидирање на Претседател, Извршен одбор и Надзорен одбор на Локалните клубови на СДММ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Социјалдемократската младина на Македонија објавува отворен повик за кандидирање на Претседател, Извршен одбор како и Надзорен одбор на Локалните клубови на СДММ.

Потребните документи за кандидирање на позицијата Претседател на ЛК на СДММ се:

• Пријава за кандидирање и програма за двегодишен мандат 
• Кратка биографија
• Изјава за почитување на етичкиот кодекс на СДСМ 

Заинтересираните кандидати за Претседател на ЛК на СДММ својата кандидатура ја поднесуваат до Извршниот Одбор на СДММ на емаил адреса: pretsedatel2024@gmail.com
Кандидатите за претседател на ЛК на СДММ треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
• да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина
• да се истакнати членови на СДММ кој со својот досегашен партиски ангажман имаат препознатлив придонес за СДММ и СДСМ
• да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДММ
• да имаат јасна визија за идниот развој и делување на СДММ на локално ниво
• да поседуваат силни политички и организациски способности, да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии за работа, да поседуваат вештини за јавен настап
• да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги
• да потпишат изјава за прифаќање на Етичкиот кодекс на СДСМ и истиот целосно да го почитуваат.

Рокот за аплицирање е до 09.11.2024 година.

Последни вести