Владата подготвува издржани економски мерки за помош на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ лицитира паушално без анлизи

Соопштение за јавност Навремената реакција на Владата базирана врз стручна анализа беше круцијална за заштита на економијата, стопанството и животниот стандард на граѓаните. Така беше и за време на економската криза од ковид пандемијата, така е за време на енергетската криза, така ќе биде и понатаму. Токму пакетите за економска помош беа оценети позитивно од […]

СДСМ поддржува Декларација за поддршка на територијалниот интегритет на Украина

Соопштение за јавност СДСМ поддржува Декларација за поддршка на територијалниот интегртитет на Украина, рече денеска пратеничката и членка на ИО на СДСМ, Даниела Колева, во одговор на новинарско прашање. -Во врска со Украина би кажала дека територијалниот интегритет на Украина секако дека го поддржуваме, а воената агресија што Русија ја врши најостро ја осудуваме. Тоа […]

Ја зголемуваме субвенцијата за Зелена нафта од 100%, нова поддршка за земјоделците

Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ Почитувани, На денешната собраниска седница на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој. Со овие измени и дополнувања на дело ја потврдуваме грижата за земјоделците и земјоделското производство. Измените на законот предвидуваат процентот на субвенционирањето на нафтата за земјоделска механизација, таканаречената зелена нафта, […]

После „Титаник“ Мицкоски да поднесе оставка, судот го потврди криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Почитувани граѓани, Судот го потврди криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Пресудите за Титаник се јасна потврда за злосторничкото здружение. За тоа како ја фалсификувале волја на граѓаните, за изборниот поткуп, злоупотреба на пари и институции, за незаконско финансирање изборна кампања. По денешните пресуди, Христијан Мицкоски мора да поднесе оставка, заедно со […]

Вистинската адреса за протестите на војниците е седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, таа партија ги блокира измените на Законот за служба во Армијата

Соопштение за јавност Решението за припадниците на Армијата со навршени 45 години е веќе подготвено преку Законот за служба во Армијата кое се наоѓа во Собранието. Токму овој закон со месеци е блокиран од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму вистинската адреса за денешниот протест е пред седиштето на оваа партија. СДСМ преку Владата, […]

СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на Претседателот Борис Трајковски

Соопштение за јавност Почитувани, Денеска партиска делегација предводена од Вангел Андрески, орагнизационен секретар на СДСМ, Рената Јајоска, членка на ИО на СДСМ и советничка во Советот на Град Скопје, и Александар Саша Димитријевиќ од СДММ, во името на СДСМ положија свежо цвеќе и оддадоа почит на вечното почивалиште на Претседателот Борис Трајковски.

Дали Левица, коалицискиот парнтер на Мицкоски, ја поддржува руската агресија?

Соопштение за јавност Додека македонското општество, сите политички субјекти ја осудуваат руската агресија врз Украина, раководството на политичката партија Левица навива за што повеќе жртви во воената агресија. Пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов и други членови на раководството на партијата со објави на социјалните мрежи го слават военото насилство во Украина. Дали партијата Левица коалицискиот […]

Архитектите ја демантираат Арсовска

Соопштение за јавност Додека реконструкцијата на Универзална сала со месеци е закочена, Арсовска по двомесечен молк за причините поради кои го стопирала проектот, на прес-конференции кажува половични информации за да си ја покрие сопствената неспособност и неработа. Нејзините невистини се демантирани и од страна на архитектите. Проектот за Универзална е стручен и безбеден, а позитивно […]

Владата предводена од СДСМ ги следи промените на светските економски текови и е подготвена да ја заштити домашната економија од следни предизвици

Соопштение за јавност Владата предводена од СДСМ внимателно ја следи состојбата во Украина. Агресијата врз Украина е закана за европскиот и светскиот мир, но и за глобалната економија. Во таа насока Владата предводена од СДСМ ги следи и промените на економските текови и последиците од новонастанатата ситуација. Институциите, државата се подготвени да одговорат на сите […]

СДСМ ја покачи минималната плата, следува и раст на пензиите

Соопштение за јавност Грижата за работниците е еден од врвните приоритети на СДСМ бидејќи тие се нашата најголема вредност. Успеавме и во време на економска и енергетска криза да обезбедиме 80.000 работници веќе од први април да добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари. Ова законско решение е резултат на конструктивен социјален дијалог меѓу новата […]