(Видео) Сугарески: Сакате да го спасите Иванов со 6 членови од ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата

Вие брутално го прекршивте Деловникот. Мислите дека 6 луѓе во Комисијата ќе го спасат Иванов? Иванов не може никој да го спаси. Иванов аболицираше врз база на член кој што не постои, рече пратеникот Горан Сугарески во однос на 103-тата седница на Собранието на Република Македонија.              

(Видео) Орцев: Зад срамната аболиција на Иванов стои лично Груевски

На секој граѓанин на Република Македонија, на секое мало дете му е јасно дека оваа одлука за аболиција, Ѓорге Иванов не ја донесе со некое длабоко размислување, заклучоци и анализи, туку ја донесе бидејќи Никола Груевски така му нареди, рече пратеникот Панче Орцев во однос на 103-тата седница на Собранието на Република Македонија.