fbpx

Заев од Паркот на револуцијата во Прилеп: На 15 јули да избереме слобода наместо принуда!

Граѓани и граѓанки, Од Паркот на Револуцијата во Прилеп, пред Могилата на непобедените, порачувам – да бидеме горди и сплотени бидејќи заедно ја остваривме тридецениската стратешка цел на македонскиот народ и на сите наши сограѓани – нашата земја, Северна Македонија е членка на најмоќниот воен сојуз во светот, НАТО. Ние сме НАТО. Денес сме стабилни […]

Шахпаска: Само обединети и со почитување на мерките за заштита ќе го спречиме ширењето на коронавирусот

Почитувани граѓани, Само со дисциплина и целосно почитување на мерките за заштита од вирусот Ковид 19 можеме да го спречиме неговото ширење. Последните анализи и податоци покажуваат дека онаму каде што не се почитуваат мерките се зголемува бројот на заразените. Онаму каде граѓаните доследно се придржуваат до мерките за заштита драстично е намалено ширењето на […]

Заев: Се гради како никогаш досега низ сите региони во нашата држава

Почитувани граѓани, Развојот и унапредувањето на инфраструктурата е врвен приоритет за СДСМ и Владата што ја предводи. Во овие три години инвестиравме во развој на патната инфраструктура низ целата држава. Се гради како никогаш досега низ сите региони во нашата држава. Овде, во струмичкиот регион каде што сме денеска, реализирани се сериозни инвестиции во подобрување […]

Заев: Да бидеме единствени во дисциплината и борбата со коронавирусот, ќе успееме!

Почитувани граѓани,  Колку долго ќе трае битката против коронавирусот зависи од секој од нас.  Зависи од нашата одлука дали ќе ги почитуваме мерките за лична заштита или ќе дозволиме да се изложиме себеси на ризик, а со тоа и нашите најблиски и целата наша околина.  Затоа, апелирам до секого, носете маска или друга заштитна опрема […]

Манчевски: Мицкоски мора да сноси кривична одговорност за прекршувањето на мерките

Деновиве бевме сведоци на крајно неодговорно однесување од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но она што е уште пострашно е што во дел од неговите изјави тој апсолутно потсетува на едни поранешни времиња, кога власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше и судија, и полиција, изречител на казни и мерки. Имено не е така едноставно […]

Со економските мерки, директна финансиска помош за 730.000 корисници од 355 милиони евра

Снимено видео обраќање,Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ     Почитувани, Во ова време на големи здравствени и економски предизвици им помагаме на граѓаните и на компаниите полесно да се справат со кризата. Го спроведуваме третиот пакет економски мерки во вредност од 355 милиони евра, наменет за 730.000 корисници. Овие мерки со […]

Новата нормалност значи дека животот продолжува согласно протоколите за заштита, тоа е наш влог во заштитата на здравјето

Видео обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев Почитувани граѓани, Време е сите ние, како поединци, но и како општество да се подготвиме за новата нормалност, да живееме со коронавирусот. Кризата спласнува и се држи под контрола, но вирусот се уште е присутен. Затоа не смееме да се опуштиме. Борбата со коронавирусот треба да ја […]

Со пакетот економски мерки на СДСМ се намалуваат трошоците на земјоделците и се обезбедуваат повеќе пари за секој земјоделец

Видео обраќање на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски         Почитувани граѓани, Третиот пакет на економски мерки усвоен од страна на Владата предводена од СДСМ дава голема поддршка на македонското земјоделство. Веќе 5 милиони евра нови средства се на располагање на сите наши земјоделци како евтини и повилни кредити преку Развојната банка […]

Претседателот Заев: Македонскиот јазик е еден од клучните кодови на нашата посебност, темел на идентитетот, да продолжиме да го негуваме

Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев     Почитувани граѓани,   „Јазикот е нашата најкомплетна татковина“ ќе рече македонскиот великан Блаже Конески. Македонскиот јазик е еден од клучните кодови на нашата посебност и самобитност, темел на македонскиот идентитет. Горд сум што денеска, кога го празнуваме Денот на македонскиот јазик, 5-ти мај, можеме да кажеме […]

Заев: Влегуваме во критична фаза од борбата со коронавирусот, заедно ќе победиме!

Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев   Почитувани граѓани, Веќе неколку недели, вие, јас, целата наша татковина, функционираме на поинаков начин, во секојдневна борба против коронавирусот. Заедно се бориме против невидлив непријател кој предизвика глобална пандемија и го загрозува здравјето на нашите граѓани, но и на граѓаните ширум светот. Бројот на заболени, но за […]