fbpx

Започна отстранувањето на линданот од малата депонија во Охис

Во кругот на фабриката Охис со децении беа складирани и чувани поголем број на екстремно опасни хемикалии, а Владата во изминатиот период безбедно отстрани и уништи огромни количини од нив. Изминатата седмица кончено започна и почетокот на чистењето на линданот, проблем кој со децении демнее покрај Скопје. Линданот од Охис ќе се транспортира до пристаништето […]

Поставени првите вендинг машини за рециклирање отпад – „зелени поени“ за пазарање и плаќање за секоја вратена амбалажа

Машини за враќање на амбалажен отпад кои се тренд во светот, сега се поставуваат и во земјава. Граѓаните во овие машини ќе може го одложуваат амбалажниот отпад, а за возврат да добиваат „зелени поени“ кои можат да ги искористат за купување производи, како и за плаќање на општински и јавни услуги. Првите машини се поставени […]

Владата предлага еколошка такса во вистински момент – Регулаторната комисија ги намали акцизите за 2 денари

Од 19 јули стапува на сила одлуката на Регулаторната комисија за намалување на акцизите за нафтените деривати за 2 денари. Ваквата одлука ги потврдува исправните политики на Владата за навремено воведување еколошка такса која ќе овозможи ефективно спроведување на „зелената агенда“ во чиј фокус се обновливите извори на енергија. „Владата предводена од премиерот Зоран Заев […]

Договорот од Преспа ги потврди македонскиот јазик и идентитет според Нимиц

Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена во Обединетите нации – вели во интервју поранешниот медијатор за спорот со името Метју Нимиц, додавајќи дека Договорот од Преспа не ги спори македонскиот јазик и идентитет. Нимиц оценува дека Договорот со Грција, кој ги отвори вратите на евроатлантските интеграции, генерално добро се спроведува од двете […]

За македонскиот јазик нема никакви преговори

Резолуцијата мора да биде во согласност со Уставот, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, прашан за текстот што го поднесе опозицијата во Собранието, а во кој за името на државата пишува „С. Македонија“. „Република Северна Македонија самите преговори во рамки на ЕУ ги води согласно уставното име. Нашиот став е сосема јасен, текстот на резолуцијата […]

Северна Македонија најдобра во регионот во управувањето со јавните финансии

Северна Македонија доби највисока оценка од земјите на Западен Балкан во управувањето со јавните финаснии, покажа Националниот монитор за реформи во јавната администрација 2019/2020 објавен од Институтот за европска политика – ЕПИ. Кон тоа придонесува креирањето на апликациите и веб страници за следење на јавните финансии. Достапни се годишниот буџет, извештаите за извршување на годишно […]

Реформите во јавната администрација даваат резултат – напредок во отчетноста и развојот на политики

Реформите во јавната администрација започнуват да го даваат резултатот, а тоа се потврдува со последниот Национален монитор за реформи во јавната администрација 2019/2020 на Институтот за европска политика – ЕПИ. Во извештајот се забележува напредокот на Северна Македонија во развојот на политиките, транспарентноста и отчетноста. Подобрувањето во развојот и координацијата на политиките се должи на […]

Зголемен опфатот на стечајци што добиваат месечен надоместок

Дополнителни 1.100 стечајни работници во Македонија ќе добијат месечен надоместок во износ од 9.242 денари. Со овој Предлог-закон се зголемува опфат на лица кои ќе добиваат 34 проценти од просечната месечна нето плата исплатена по работник претходната година. Со последната измена која се донесе речиси 13 илјади лица ќе добиваат материјален надоместок до вработување или […]

Нема да има зголемување на сметките за струја

Парламентарното мнозинство ги усвои измените во Законот за додадена вредност. Со нив, ДДВ за струјата, од 18, се намалува на 5 проценти, со што сметките на граѓаните нема да бидат зголемени. СДСМ ја информираше јавноста веднаш по законските интервенции: „Успеавме да ги донесеме овие измени кои ќе спречат поскапување на цената на електричната енергија за […]

СДСМ утврди 30 кандидати за градоначалници во првата фаза

На седница на Извршниот одбор на СДСМ, владејачката партија утврди 30 имиња на кандидати за градоначалници со кои ќе настапи на локалните избори предвидени за октомври годинава. Ние сме фаворити на претстојните избори, граѓаните препознаваат дека само со СДСМ е можен напредокот во секоја општина, дека само со СДСМ иднината на државата е во сигурни […]