(Видео) Пауновски: 21 милиони евра пари на граѓаните одат за МРТ, а гледаноста опаѓа

На сите треба да им биде јасно дека МРТ денес не ја оствари целта за која што е формирана. Сами треба да се запрашате зошто гледаноста на МРТ опаѓа. Најголемиот дел на финансиските средства коишто ви доаѓаат како приход на МРТ, доаѓаат токму од граѓаните на Република Македонија. Тоа се преку 860 милиони денари, рече […]
(Видео) Богоев: МРТ е во целосна одбрана и заштита на ликот и делото на Груевски

Повеќе од јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ целосно го партизираше јавниот сервис. И ВМРО-ДПМНЕ го трансформираше јавниот сервис од МРТВ во ВМРО ТВ. Погледнете ги јавните сервиси во соседството.И засрамете се на кое ниво и кое дереџе го донесовте јавниот сервис, рече пратеникот Стефан Богоев во однос на предлогот на одлука за одобрување на Финансискиот план […]
(Видео) Дескоска: МТВ со пари на граѓаните совршено се вклопи во пропагандната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ

Денес МРТ активно учествува во фалсификување на стварноста, во манипулацииите со кои се сака да се создаде погрешна слика за реалноста. На МРТ гледавме директни обраќања на Груевски, но не ја видовме директно прес конференцијата на СЈО на која што беше обелоденета истрагата Титаник, истрага против врвни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за изборен грабеж, рече пратеничката […]
(Видео) Китев: Со 31,3% буџетски пари МТВ ја продолжува коруптивно клиентелистичката релација со власта

Со обелоденетите информации во проектот Вистината за Македонија, видовме дека самата МРТ е вклучена во договарање на трансфери и издавање на налози за вработување на новинари во МРТ, за коишто високите владини функционери велат и даваат своевидна препорака дека ќе бидат погодни кадри за вработување во МРТ, рече пратеникот Бетијан Китев во однос на предлогот […]
(Видео) Куновска: 21 милион евра од граѓаните за партискиот и владин сервис МТВ

Граѓаните треба да платат нови 21 милион евра затоа што нема деск во МРТ и затоа што вестите се купуваат од приватни агенции, затоа што нема воопшто истражувачко новинарство, затоа што најголем дел од вестите се пишуваат во зградата во ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеничката Софија Куновска во однос на предлогот на одлука за одобрување на Финансискиот […]
(Видео) Тунтев: Ќе ја укинеме радиодифузната такса, МТВ ќе биде сервис на граѓаните

21 милион евра треба да донесеме одлука да бидат одобрени со финансискиот план за МТВ за 2016 година. Тоа е величина на Буџет на една општина. Општина Охрид нема толкав Буџет. 67% од средства се наплаќаат од радиодифузна такса. Тоа е онаа позната давачка, со која имаш телевизор, немаш телевизор, гледаш МРТ, не гледаш МРТ, […]
(Видео) Орцев: Регулаторна комисија не ги штити граѓаните од монополи

Пример е случајот со БЕГ којшто падна на Уставен суд. Согласно ваш правилник на граѓаните им се доставуваат писма со кои се отвара можност да им се влага во домовите на граѓаните.Регулаторна комисија не го заслужува епитетот независно регулаторно тело, рече пратеникот Панче Орцев во однос на Предлог на финансискиот план на Регулаторната комисија за […]
Пауновски: За граѓаните скапа струја, во регулаторна годишни плати од милион денари

Каде тоа ќе патуваат претседателот и членовите на Регулаторната комисија кога имаат одвоено за овие цели дури 50.000 евра. Затоа го спориме финансискиот план за работа на Регулаторната комисија, рече пратеникот Стојко Пауновски во однос на Предлог на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2016 година […]
(Видео) Николов: Дали ја поскапивте струјата заради фасадите на ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО

За Финансискиот план на регулаторната комисија за енергетика пратеничката група на опозицијата ќе гласа против. Регулаторната комисија за енергетика не успеа да изгради свој авторитет и капацитет, рече пратеникот Маријанчо Николов во однос на Предлог на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2016 година
(Видео) Куновска: Овој закон е за нов бизнис на фамилијата во здравството

Овој закон ќе биде уште еден бизнис на пошироката фамилијата кој ќе носи нови провизии со набавка на медицинска опрема, кој ќе отвори простор за сечење на нови црвени панделки и ќе треба да ги вработи вашите партиски луѓе кои се плашат дека после заминувањето на власта ќе останат без работа, рече пратеничката Софија Куновска […]