Укинато е спојувањето на концесиите за Иловица, ДПМНЕ со рудниците ја стави државата во судски лавиринти

Соопштение за јавност Владата предводена од СДСМ донесе Одлука за престанок на одлуката за спојување на концесиите за рудникот за бакар и злато во Иловица. Со ова излегуваме в пресрет на граѓаните од овој крај кои со години се противат на отворањето рудници во нивните населени места. Правниот лавиринт околу рудниците во кој е заглавена […]

Маричиќ: Многу скапо ги плати нашиот народ лагите, манипулациите и заблудите од ДПМНЕ

Соопштение за јавност Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека се спроведува она што Собранието го усвои минатата година пред отворањето на преговорите. „На 16 јули минатата година нашето Собрание ги усвои заклучоците меѓу кои беше и оваа обврска за овие уставни измени со […]

Уставните измени го отвораат патот кон членство во ЕУ и пристап до значително поголема финансиска поддршка

Соопштение за јавност Европската Унија е убедливо најголемиот донатор во Западен Балкан, како и во нашата држава. Само преку ИПА програмата, досега, во земјава, за модернизација на инфраструктурата и развој се вложени околу една милијарда евра неповратни средства. ИПА 3 програмата е веќе започната и проектираните средства за 2021, 2022 и 2023 година се во […]

Секој пратеник треба да одлучи, глас за Европа или изолација

Соопштение за јавност Во Собранието започна постапката за измени на Уставот со чие усвојување ќе се забрза процесот на интеграција во ЕУ. Владата, министрите од широката владина коалиција едногласно го усвоија предлогот за уставни измени и без какви било калкулации истиот е доставен во Собранието. Сега е редот на пратениците. Секој кој и мисли добро […]

Талески: Со предложените уставни измени се побија фамите на ДПМНЕ дека ќе се случи некаква бугаризација и асимилација

Соопштение за јавност Она што го одбележа денешниот ден е тоа дека започнува историскиот процес во државата за конечно продолжување на процесот на евроинтеграции, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „Само вистина “ на Канал 5 телевизија. Талески нагласи дека пред јавноста точно беа предложени и прецизирани уставните измени во редовна процедура, според […]

ДПМНЕ е партијата што дала 86 концесии за рудници, СДСМ беше и останува против

Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски Концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада предводена од ДПМНЕ, Никола Груевски и тогашниот негов соработник Христијан Мицкоски и затоа тој треба да престане да ја замајува јавноста со своето лицемерие. Одлуката е донесена на 16 […]

Костовски: Да се обединиме и со глас за Европа да ја обезбедиме македонската иднина во ЕУ

Соопштение за јавност Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во денешното обраќање во Собранието на Комисијата за уставни прашања посочи дека измените на уставот е историска одлука со која се унапредува Уставот и не се загрозува ниту едно идентитетско прашање, а истовремено овие измени се забрзува процесот за членство во ЕУ. Костовски истакна дека СДСМ и […]

Ковачевски: ЕУ е наш најголем донатор, таа помош ќе се зголеми со членството

Соопштение за јавност Европската Унија е убедливо најголемиот донатор во Западен Балкан, како и во нашата држава, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната собраниска комисија за уставни прашања. „Само преку ИПА програмата, досега, во земјава, за модернизација на инфраструктурата и развој се вложени околу една милијарда евра неповратни средства. ИПА 3 програмата е […]

Ковачевски: Се задржува примарната уставотворност и се гарантира посебноста на македонскиот народ

Соопштение за јавност Во своето обраќање на седницата на Комисијата за уставни прашања, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски посочи дека со предложените измени на Уставот се задржува примарната уставотворност и се гарантира посебноста на македонскиот народ. „Со тоа што во Уставот е посочено на македонски народ и делови од народи, со овој предлог се додаваат […]

Ковачевски: СДСМ и Владата сме на страната на обединувањето, на страна на македонскиот вековен идентитет

Соопштение за јавност Изминатата година, од опозиционите политички партии се изнаслушавме за катастрофи, апокалипси, пропасти, и ништо од тоа не се случи, немаше асимилација, немаше бугаризација, посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во своето обраќање на Комисијата за уставни прашања во Собранието. „Јас, СДСМ, Владата сме на страната на обединувањето, прогресот, на вистинскиот браник на […]